Актерот Мет Лебланк гостуваше во емисијата на водителот Џими Фелон, а двајцата се расправаа за тоа колку плескања со рацете имало во песната I ll Be there for you.
Оваа песна беше насловната за серијата „Пријатели“, во која Мет го глумеше ликот на Џои Трибијани. Мет тврдел дека имало 5 плескања со рацете, додека Фелон сметал дека има четири.
Додека се убедуваа, Мет плесна четири пати со раката, а потоа му удри шамар на Џими.
„Сепак има 4“, изјавил Лебланк.