Голем број теоретичари на заговор ја следат Меган Маркл од ноември минатата година, откако кралското семејство објави дека таа е трудна и со принцот Хари чекаат принова.
Многумина теоретичари сега велат дека поранешната американска актерка е всушност сурогат мајка, а други одат дотаму дека Меган не е бремена, дека војвотката ја лажирала својата бременост, а на нејзиниот стомак всушност има залепено перниче.
Многумина од овие теоретичари на заговор чекаат момент да ја нападнат омилената принцеза на британското кралско семејство. Меѓу нив има и такви кои го следат секое нејзино движење и клекнување.
На социјалните мрежи се шират фотографии од Меган, кои наводно одат во прилог на ваквите тврдења. На некои се гледа дека војвотката е во клекната положба, за која како што велат за трудниците знае да биде многу комплицирана и не може да се изведе со таква леснотија како што тоа го прави Меган.
Има и такви кои забележале дека нејзиниот стомак понекогаш знае да се помести на страна, па на различни настани, тој е различно позициониран.
„Два пати клекна. Прво за да го погали кучето. Погледнете како е навалена нанапред. Клекна со отворен капут, па можете да видите како стомакот ѝ е собран. Тоа не би можело да се случи, ако има бебе внатре“, тврди еден корисник на социјалните мрежи.
Интересна е и теоријата која вели дека војвотката сигурно не е бремена и дека одамна е познато дека Меган по никоја цена не би прифатила да се здебели.
„Меган и претходно изјавила дека не сака да се здебели, па затоа дури и нејзиниот сопруг принцот Хари потпиша предбрачен договор со клаузула за зголемената тежина на војвотката. Така што, Меган не е трудна. Сурогат мајка е“, објаснил еден твитерџија во своите тврдења.