Никола Којо во белградското подземје, роварел со кримнал!

Српскиот глумец Никола Којо, наводно соработувал со луѓе од белградското подземјето, пренесоа српските медиуми. Според пишувањата, тој подолго време имал заеднички бизниси со извесен Зоран Маљевиќ кој бил апсен под обвинение дека бил водач на организирана криминална група и кој бил пријател со луѓе од подземеје кои ровареле деведесетите.

Којо и Маљевиќ, кој е апсен за време на акцијата “Сабља”, со години го држеле белгратскиот клуб “Oh cinema”.

„ Глумецот кој сега е на опозициските протест и на социјалните мрежи морализира и зборува за чесност, тогаш не му сметаа неговите бизнис партнери кои се занимаваа со недозволена трговија со оружје. Никола Којо со години го мами народот, страшно е со какви работи се занимавал кога камерите ќе се изгаснат“, пишуваат медиумите.

„ Не е прв пат на јавната сцена, а овој пат и на политичката сцена да се појавуваат личности кои се повикуваат на морал, чесност, а и самите самите биле во поинакви околности и средини. Кај нас тоа го има уште од деведесетите кога во политиката  се уфрлувани разноразни глумци, пеачи кои биле на граница на хуманитарното и криминално, а станале некакви угледни членови во општеството – вели поранешен шеф на СД Безбедност, и додава: Граѓаните брзо ќе сватат дека Којо, како и сите други глумци кои делуваат како него, во суштина продаваат магла“.

Глумецот Никола Којо не сакал да ги кометира пишувањата на медиумите дека со години соработувал со криминалец.

Scroll to Top