Актерката Џесика Бил заспала во автомобилот додека се возела со нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк. Двојката тргнала да го прослави роденденот на пејачот, а Џастин тајно ја сними сопругата пеејќи си среќен роденден.
Пејачот со својот мобилен ја сними Џесика и не ѝ дозволи да се одмори. Ја разбуди пеејќи, а Џесика, откако се разбуди, со насмевка на лицето се оправда дека се подготвувала за нивното големо излегување. Видеото станало хит на социјалните мрежи, а за само еден ден било прегледано преку 3 милиони пати.