Сестрите Кардашијан добија 10 милиони долари на суд, производите не им биле промовирани

Компанијата „Хиларил капитал менаџмент“,  со која соработувале сестрите Кардашијани за промоција на нивните производи, е должна да им плати 10 милиони долари, откако судот пресудил во нивна корист и утврдил дека компанијата не инвестирала онолку колку што било првично договорено.

Пред да постојат производите „ККВ бјути“ и „Кајли козметик“, Ким, Клои и Кортни Кардашијан во 2013 година покренале свој бренд „Кардашијан бјути“. Неколку години откако прекинале со дистрибуцијата, сестрите ги добиле 10-те милиони долари.

Компанијата со која соработувале  Кардашијани на овој проект во 2016 година ги тужела сестрите затоа што наводно го прекршиле договорот и не ја промовирале оваа линија, со што значително ослабела продажбата на производите.

Сестрите Кардашијан возвратиле со контратужба, со образложение дека компанијата „Хиларир“ прва го прекршила договорот. Сестрите преку судот планирале да добијат 200 милиони долари како надомест.

Неколку години подоцна судот пресудил во корист на познатите сестри. На компанијата „Хилари“ ѝ било наредно да плати 7,4 милиони долари со дополнителни 3,2 милиони долари за оштета.

Засега сестрите Кардашијан не се огласиле по овој повод.

 

 

 

Scroll to Top