Најбогатиот човек на светот и сопственик на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, изјавил дека бил цел на изнудувања и уцени од страна на раководните лица на таблоидот „Нешенел инквајер“.
Безос тврди дека добивал закани дека ќе бидат објавени негови приватни фотографии, доколку не прекинел да истражува како таблоидот стигнал до неговите приватни преписки и фотографии со љубовницата.
Безос, кој истовремено е сопственик на „Вашингтон пост“, објаснил дека таблоидот од него не барал пари, туку само јавно да каже дека нивното известување не било политички мотивирано.
Amazon CEO Jeff Bezos claims the National Enquirer tried to blackmail him over dick pics https://t.co/uIWPrmw2RL pic.twitter.com/TM8UCyZRWd
— BuzzFeed News (@BuzzFeedNews) February 8, 2019
Обвинувањата на Безос претставуваат уште еден пресврт во конфликтот меѓу најбогатиот човек на светот и еден од најпознатите американски таблоиди, кој инаку го поддржува претседателот Доналд Трамп.
Истражувачите на Безос известиле дека известувањето на „Нешенел инквајрер“ за неговата афера вклучувала и објавување компромитирачки текстови и дека била водена валкана политика.
„Се разбира дека не сакам да објавувам мои лични фотографии, но нема да учествувам во нивната добро позната пракса на уцени, политички услуги, политички напади и корупција“, напишал Безос.
Amazon CEO Jeff Bezos has accused the publisher of the National Enquirer of trying to extort him in an explosive tell-all blog post https://t.co/i0SncMuSxJ pic.twitter.com/Rtprjeh7f4
— CNN (@CNN) February 8, 2019
Обвинувањата на Безос претставуваат уште еден пресврт во конфликтот меѓу најбогатиот човек во светот и еден од најпознатите американски таблоиди кој го поддржува претседателот Доналд Трамп.
Неговите истражители навестија дека известувањето на Enquirer за неговата афера, вклучувајќи ги и компромитирачките текстови се водени со валкана политика.
Инаку, американскиот претседател претходно го критикуваше Безос и известувањата на „Вашингтон пост“ за Белата куќа.