Американските медиуми пишуваат дека светскиот модел Хајди Клум е бремена. Радосната вест ја споделил моден дизајнер кој заедно со Хајди бил дел од жирито на Germany’s Next Top Model.
Медиумите пишуваат дека Хајди сега покрај неодамнешната веридба со нејзиниот вереник Том Каулиќ, сега има уште еден повод за славење.
За ваквите шпекулации медиумите пишуваа уште на почетокот на месецот, кога Хајди се појавила на гала вечерта „amfAR“, каде го покажала деколтето поради кое многумина помислиле дека таа е бремена.
Засега Клум и Том не се огласиле по повод ваквите пишувања во медиумите.