Крофните во форма на срце можевте да ги направите за вашите пријатели и блиски лица. Овие крофни во
форма на срце стојат меки дури и по неколку дена.
Состојки:
– 500 г брашно
– 2 јајца
– 2 лажици шеќер
– 1 коцка свеж квасец
– прстофат сол
– 150 мл млако млеко
– 50 мл масло
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– кора од портокал
– 3 лажици рум
– по потреба шеќер во прав
– по потреба чоколадо за готвење
– по потреба масло за пржење
Подготовка:
1. Се делат белките од жолчките. Во сад за матење се ставаат белките и се матат во цврст шлаг.
2. Квасецот се раствора во млакото млеко со малку шеќер и брашно.
3. Жолчките и шеќерот се ставаат во друг сад за матење. Се матат додека шеќерот се растопи, а потоа се додаваат маслото, кората од портокал, румот и квасецот. Се продолжува со матење, а крај се додаваат белките. Смесата се меша со лажица и постепено се додава брашното.
4. Понатаму се меси со раце додека се добие убаво мазно тесто. Тестото се остава да отстои 1-2 часа, во зависност од температурата во собата.
5. На набрашнета површина се сучи кора, се вадат срциња со калап и се оставаат да нараснат 20-
тина минути.
6. Маслото се става во тенџере да се загрее. Откако ќе се загрее се намалува температурата и се ставаат крофните да се пржат. Пржените крофни се варат врз кујнска хартија. Се наросуваат со шеќер во прав. Изладените крофни, по желба се чоколадираат со растопено чоколадо.