Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат голема промена на температурите од викендот. В петок попладне ќе почне дожд, кој ќе се претвори во снег на планините. Температурите ќе се намалат значително и ќе бидат за 10 до 15 степени пониски од сегашните.
В петок во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите в сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер, особено в петок во текот на ноќта и в сабота, кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени.