Американската вселенска агенција НАСА потврди дека астероид со големина на облакодер се движи денес кон Земјата со брзина од 60.000 километри на час, пишува Daily Express.
НАСА го идентификуваше астероидот, наречен 1999 VF22, како потенцијално опасен. Ова е поради тоа што астероидот ќе има близок контакт со Земјата (Earth Close Approach) ова попладне.
НАСА тракерите на астероиди исто така го посочија моментот кога колосалната вселенска карпа ќе ѝ се приближи на Земјата. Меѓутоа, од НАСА додале дека 1999 VF22 нема да може да се види и со обичен телескоп.