Научникот Пол Кели од Оксфорд тврди дека луѓето не треба да одат на работа пред 10 часот наутро. Овој психолог ја испитувал модерната тортура во работниот живот и заклучил дека будењето и работата пред 10 наутро се еден од најчестите проблеми на луѓето.
Според Кели, секој има свој телесен часовник кој е „програмиран“ и не може да се промени. А ако секојдневно се будиме пред нашиоте органи и мозок да бидат подготвени на тоа, тогаш се бориме со природниот часовник, па тоа влијае лошо на нашето здравје. Будењето пред 10 часот може да предизвика пореметување на сонот и да доведе до емотивен и физички стрес.
Својата теорија Кели ја тестирал и во едно британско училиште каде почетокот на часовите бил поместен од 08:30 на 10:00 часот. По некое време забележал зголемено приуството на учениците на часовите и поголема продуктивност, а тоа се одразило и на нивните оценки.