Работното време не треба да почне пред 10 часот, тврдат научниците

Научникот Пол Кели од Оксфорд тврди дека луѓето не треба да одат на работа пред 10 часот наутро. Овој психолог ја испитувал модерната тортура во работниот живот и заклучил дека будењето и работата пред 10 наутро се еден од најчестите проблеми на луѓето.

Според Кели, секој има свој телесен часовник кој е „програмиран“ и не може да се промени. А ако секојдневно се будиме пред нашиоте органи и мозок да бидат подготвени на тоа, тогаш се бориме со природниот часовник, па тоа влијае лошо на нашето здравје. Будењето пред 10 часот може да предизвика пореметување на сонот и да доведе до емотивен и физички стрес.

Својата теорија Кели ја тестирал и во едно британско училиште каде почетокот на часовите бил поместен од 08:30 на 10:00 часот. По некое време забележал зголемено приуството на учениците на часовите и поголема продуктивност, а тоа се одразило и на нивните оценки.

 

Scroll to Top