Првата дама на Америка Меланија Трамп, заедно со сопругот Доналд Трамп и нивниот син Барон, беа во посета на Алабама кај семејствата погодени од силното торнадо кое предизвика голема штета и усмрти 23 лица.
За оваа пригода Словенката се одлучила за спортска комбинација, бордо панталони и краток тегет капут. Под капутот Меланија облекла бела ролка, со бордо боја на ракавите.
Меланија на себе облекла и бели патки со црвени шари, кои веќе неколку сезони наназад претставуваат вистински хит во Америка, кога е во прашање уличната мода.
Меланија е позната по штиклите и елегантните фустани на себе, но овој пат се појави во спортска комбинација, која благодарение на нејзината фигура, модните критичари велат дека изгледала како девојче.
Медиумите пишуваат дека ниту оние кои не ја сакаат, не можеле да и најдат замерка.