(Фото) Том Харди копија на Ал Капоне во филмот за легендарниот гангстер

Британскиот глумец Том Харди е копија на Ал Капоне на првите фотографии објавени од снимањето на филмот „Фонзи“, посветен на познатиот гангстер. „Не можам да верувам дека е навистина тој“, напишал еден обожавател на „Твитер“ под сликата што ја објавил режисерот на филмот, Џош Транк.

Харди веќе неколку месеци го снима филмот за еден од најголемите гангстери на сите времиња. Освен што се маскира во легендарниот Ал Капоне, неговите пријатели велат дека тој толку се соживеал во својата улога што дури и се однесува како него.

„Секоја чест на феноменалната трансформација во Капоне, јас лично одвај го препознав“ е само еден од коментарите на обожавателите на Том.

Филмот се занимава со подоцнежните години на Капоне, кога почнува да страда од деменција по напуштањето на затворот .

Харди неодамна потврди колку е возбуден за новата улога и откри дека во филмот нема да изгледа како класичен Ал Капоне, туку ќе има одредена трансформација.

Scroll to Top