(Видео) По ќерката, најбогатиот Индиец приреди незаборавна венчавка и за синот

Мукеш Амбани најбогатиот Индиец приреди незаборавна забава за свадбата на својот син Акаш. Четвртиот најбогат човек во светот и претседател на најголемата индиска компанија Reliance Industries, по венчавката на неговата ќерка минатата година во декември, повторно го собра светскиот џет-сет на едно место.

Свадбата на младоженецот Акаш Амбанија со невестата Шлока Мехт која е ќерка на идиски трговец со драгоцености, била одржана во новоизградениот конгресен центар Амбана во комплексот „Бандра Курла“.

Акаш (28) има студирано во Америка на Универзитетот „Браун“. На неговата венчавка присуствувале извршниот директор на „Гугл“ Сундар Пичаи, директорите на банката „Америка“, компаниите „Самсунг“ и „Џеј Пи Морган“, како и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Покрај нив на венчавката присуствуваа и најголемите холивудски ѕвезди и познати спортисти. За музиката бил ангажиран американскиот бренд „Maroon 5“, како и голем број на професионални танчери. Гостите на крајот имале можност да уживаат во раскошен огномент.

На социјалните мрежи се појавија голем број на снимки од приватната веселба, а највпечатлив бил моментот кога младоженецот ја бакнува невестата.

Во пресрет на церемонијата, Мукеш Амбани и неговата сопруга ја започнале неделната програма на подарување на храна за сите домови за сирачиња во Мумбаи. Била послужена храна за околу 2000 деца.

Ова е втора венчавка во ова семејство за неколку месеци. На средината на декември минатата година Мукеш Амбани ја омажи ќерката, а во таа прилика приреди незаборавна венчавка. Медиумите ја прогласија оваа свадба за најскапата венчавка направена во историјата. Забавата чинела 100 милиони долари.

Тогаш Иша Амбани се омажи за Ананд Пирамал, син на уште еден милијардер, а меѓу бројните гости беа пејачката Бијонсе и поранешната прва дама на Америка Хилари Клинтон.

Гостите тогаш имаа можност да уживаат во бројни активности пред самата венчавка, што не претставувало проблем за таткото на Иша, кој поседува богатство вредно 41.5 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

Check out all the details of the #AkashAmbani and #ShlokaMehta’s wedding 😍❤📸📷💏 Swipe ⬅️

A post shared by Zoom TV (@zoomtv) on

Scroll to Top