Облечете шарени чорапи и дајте им поддршка на лицата со Даунов синдром

Облечете шарени чорапи и шарено налакирајте ги ноктите, во различни бои, за да покажете солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да ја подигнеме свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром. Со бројни акции, иницијативи и настани, денес се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром.

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање. Идејата е дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

Во насока на што поблиско запознавање на јавноста со Дауновиот синдром и останатите ретки болести, со видео, аудио и текстуални пораки, кои се објавуваа секојдневно во текот на месец февруари, се спроведе кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, во рамките на која се запознавме со 28 дијагнози за ретки болести.

 

 

 

 

Scroll to Top