(Видео) Истражители открија зошто паѓаат патничките авиони „боинг 737 макс“

Истражителите кои работеле на остатоците на авионот на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“, „боинг 737 макс“, во кој загинаа 157 лица, по слушањето на последните снимки од леталото, дошле до прелиминарен заклучок дека системот против губењето на силата бил активиран пред авионот да го допре тлото на земјата.

Истражителите на авионот кој претходно се сруши во Индонезија, се фокусирале на новиот систем за сила MCAS. Флотата на леталата „боинг 737 макс“,  по несреќата која се случи на 10 март, била приземјена низ целиот свет, по што биле отидени во неповрат 28 милијарди долари од пазарната вредност на авиокомпанијата.

По овој ден биле доведени во прашање и однапред направените нарачки на авиони вредни повеќе од 500 милијарди долари. Од авиокомпанијата соопштија дека е планирана поправка на софтверот која ќе ја спречи операцијата која се повторува во системот и која е централен безбедносен проблем.

Првата тужба против авиокомпанијата е поднесена во четвртокот во Американскиот федерален суд. Тужбата се однесува за падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс“ „боинг 737 макс“ кој се случи на 10 март, несреќа во која загинаа 157 лица.

Тужбата во федералниот суд во Чикаго ја поднело семејството на Џексон Мусониј, државјанин на Руанда. Како што е наведено во тужбата, команијата која ги произведувала авионите „боинг 737 макс“, создала неисправен дизајн на автоматизиран систем на контрола на летање.

Од компанијата засега не дале никаков коментар и изјава по повод ваквата тужба. Истрагата исто така се занимава и со квалитетот на тренинзите на пилотите на овие авиони.

Американските и европските регулатори, најмалку две години пред падот на авионот во Индонезија, знаеле дека контролирањето на аголот на носот на авионот со „737 макс“ можеби нема да биде доволно во ситуации слични како во две наведени несреќи.

Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) издала сертификат дека авионот е делумно безбеден, поради тоа што сметале дека дополнителните процедури и тренинзи ќе им користат на пилотите да се снајдат при ваквите невообичаени ситуации во кои би биле принудени мануелно да го управуваат авионот.

 

Scroll to Top