Светската пејачка Бијонсе се најде во непријатна ситуација за време на доделувањето на наградите NAACP Image Awards, откако нејзиниот пријател актерот Омари Хардвик се обидел да ја бакне.
Омариј бил прилично воодушевен од пејачката, па одлучил да ја бакне два пати. Првиот пат изгледало релативно вообичаено, но во вториот обид бил невешт и завршил точно во нејзините усни.
Блиската средба на пејачката и актерот вирално се рашири по социјалните мрежи. Пејачката била збунета и покажала дека се чувствува непријатно, а фановите со своите коментари на социјалните мрежи го осудија ваквиот потег на Хардвик.
„Пристојното ракување би било доволно за Омари Харвдик“, „Жените не треба да се фаќаат, гушкаат или бакнуваат, освен ако не се работи за твоја жена или девојка“, „Бијонсе требало да му удри шлаканица“, „Оваа глупост ме потсетува на моите средби со некои мажи“, „Не сакаш ништо да кажеш затоа што луѓето те гледаат и ќе почнат да зборуваат дека претеруваш, па ти само пати и нека ти биде непријатно“, гласеле некои од коментарите на социјалните мрежи.