Глечерите на Земјата се топат поради глобалното затоплување многу побрзо од тоа што научниците сметале претходно, се наведува во најановата студија направена од Мајкл Кемп, директорот на Светскиот центар за контрола на глечери, World Glacier Monitoring Service, од Универзитетот во Цирих.
Глечерите секоја година губат по 369 милијарди тони снег или лед, што е речиси половина од територијата на Северна Америка.
Кемп вели дека новата студија е направена со најопфатно истражување досега за глечерите. Според оваа студија, објавена во најновиот број на списанието Nature, глечерите од 2013 година изгубиле околу 13% од вкупната маса.
Глечерите се топат пет пати повеќе отколку во 60-те години од минатиот век, се наведува во студијата и се додава дека глобалното затоплување влијае на зголеменото ниво на морето. Покрај тоа, топењето на глечерите може да делува дестабилизирачки и за некои планинските гребени.
Таков е примерот со перуанските Анди. Научниците велат дека глечерите се важен извор на вода, а со нивното топење, голем број од тамошните домаќинства кои зависат од овие извори во сушните сезони, може да останат без вода.
Покрај брзината и степенот на топење, научниците дошле до поразителен заклучок дека глечерите во поедини региони, како европските Алпи, Нов Зеланд и западна Канада можат да исчезнат во текот на овој век.