Потребни состојки:
- 1 пакување тестенини за лазањи
- 3 шолји кисела павлака (20 %)
- 300 мл супа (пилешка или билна, по избор)
- 1 шолја пармезан (рендан)
- 30 гр путер
- 1 лажичка маслиново масло
- половина главичка кромид
- 4 чешниња лук (исечкан на коцки)
- 5 парчиња печурки (сечкани)
- 1 парче пилешки гради (исечкани на коцки)
- сол (во вкус)
- црн пипер (мелен, по вкус)
- 4 шолји сирење
- 100 гр спанаќ
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Тестенините за лазањи згответе ги според упатството. Во загреано тенџере ставете ги супата, киселата павлака, пармезанот и путерот. Гответе на средна температура додека не се соедини. Во загреано тавче додадете маслиново масло и кромид. Додадете ги и лукот и сечканите пилешки гради. По неколку минути, додадете ги и печурките. По неколку минути, посолете и побиберете и тргнете го тавчето од оган. Тепсијата со димензии (22 x 33 см) премачкајте ја со маслиново масло. Редете по следниов редослед: тестенини, ситно бело сирење, мешавината од тавчето (пилешко и печурки), мешавината од тенџерето (павлака, пармезан), спанаќ. Редете додека имате состојки. На крајот поросете ја лазањата со сирење. Печете околу 1 час или додека не добие златно-кафена боја. Послужете ги топли, а одозгора просипете пармезан или сирење по желба и вкус.