Лазањи со пилешко и спанаќ

Потребни состојки:

  • 1 пакување тестенини за лазањи
  • 3 шолји кисела павлака (20 %)
  • 300 мл супа (пилешка или билна, по избор)
  • 1 шолја пармезан (рендан)
  • 30 гр путер
  • 1 лажичка маслиново масло
  • половина главичка кромид
  • 4 чешниња лук (исечкан на коцки)
  • 5 парчиња печурки (сечкани)
  • 1 парче пилешки гради (исечкани на коцки)
  • сол (во вкус)
  • црн пипер (мелен, по вкус)
  • 4 шолји сирење
  • 100 гр спанаќ

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Тестенините за лазањи згответе ги според упатството. Во загреано тенџере ставете ги супата, киселата павлака, пармезанот и путерот. Гответе на средна температура додека не се соедини. Во загреано тавче додадете маслиново масло и кромид. Додадете ги и лукот и сечканите пилешки гради. По неколку минути, додадете ги и печурките. По неколку минути, посолете и побиберете и тргнете го тавчето од оган. Тепсијата со димензии (22 x 33 см) премачкајте ја со маслиново масло. Редете по следниов редослед: тестенини, ситно бело сирење, мешавината од тавчето (пилешко и печурки), мешавината од тенџерето (павлака, пармезан), спанаќ. Редете додека имате состојки. На крајот поросете ја лазањата со сирење. Печете околу 1 час или додека не добие златно-кафена боја. Послужете ги топли, а одозгора просипете пармезан или сирење по желба и вкус.

Scroll to Top