Прочуениот каратист Енвер Идризи кој е роден во Скопје 1966 година, вели дека во својот живот двапати го има победено Чак Норис. Тој вели дека од мали нозе се занимава со бројни спортови, а и дека голем број од познатите актери како Чак Норис, Жан Клод Ван Дам, Стивен Сигал, се далеку од неговото ниво, што се однесува до овој спорт.
„Отсекогаш ме привклекувале боречките вештини, а јас бев неверојатен талент за сите спортови. Секаде би успеал, бидете сигурни. Бев еден од најголемите кошаркарски таленти во Југославија, а како дете играв кошарка како Дражен Петровиќ. Но, јас го сакав каратето, тоа беше мојата најголема љубов“, вели Идризи.
Идризи вели дека имало период кога се пробал и во ММА боречките спортови.
„Тоа беше пред 35 години. Пристигнав на некој турнир во САД, на покана на еден мој роднина. Ми рече дека тука можам да заработам многу пари. И заработивме, но и многупати губев. Имавме по неколку борби дневно“, вели Идризи.
Идризи вели дека во својот живот има и глумено во неколку филмови.
„Глумев во филмот „Не ме заборавај“ на Јаков Седлар. Исто така глумев во „Ред“, во кој глумеше Жан Клод Ван Дам. Подоцна глумев во филм кој се снимаше на Косово. Сите бевме шокирани, сите се чудевме како тоа јас заработувам. Како тоа јас можам да имам такви професионални движења. Се чудеше и Жан Клод Ван Дам. Ме прашуваа каде сум се криел досега, зошто досега не слушнале за мене. Но, јас немав амбиции да продолжам со глумата. Мојот живот беше спортот“, вели Идризи.
Енвер Идризи го раскажа своето искуство кое го имал со Чак Норис. Тој вели дека двапати во животот успеал да го победи во професионален натпревар.
„Тоа беше многу одамна. Тогаш Чак Норис не беше толку популарен. Мене ме повика еден човек од Осијек да дојдам да се борам во САД и Канада. Таму ги освоив сите турнири. Двапати го победи Чак Норис. Нема медала која ја немам освоено“, вели Идризи.
„Чак Норис како млад замина во амерканската војска, а паралелно тренираше карате. Кога се врати од војната глумеше во некои филмови во Виетнам, а во еден се бореше со Брус Ли. Тогаш неговата популарност тргна нагоре со неверојатна брзина. Не дека се дружевме интезивно, сепак тој беше постар од мене. Но, сите тие луѓе, Чак Норис, Жан Клод Ван Дам, Стивин Сегал, никој од нив нема поим за боречкиот спорт“, вели Идризи.