Истражитеите се концентрираат на два потенцијални проблеми поврзани со избивањето на пожарот во катедралата Нотр Дам. Прво можно е да постоел проблем со сензорите за оган, а вториот проблем е поврзан со дигалките со кои работниците се качувале на скелињата.
Француските истражители сметаат дека пожарот на катедралата Нотр Дам почнал во средиштето на кровот. Ова го открива полицискиот извор за „Си-Ен-Ен“, бројните прегледани аматерски видеозаписи и фотографии направени од страна на минувачите кои се затекнале на местото на пожарот во понеделникот.
Исто така, истиот извор вели дека истражителите сега се концентрираат на два потенцијални проблеми поврзани со избивањето на пожарот. Прво, можно е да постоел проблем со сензорите за оган, а вториот проблем водел до дигалките за работниците. Но, околу дигалките не биле откриени повеќе детали.
Што се однесува до проблемот со сензорите за дојава на пожарот, двата заштитници во катедралата изјавиле дека полицијата прв пат го забележале огнот околу 18:40 часот, што укажува на тоа дека сензорите можеби не работеле исправно, вели полициски извор за „Си-Ен-Ен“.
Првиот аларм заѕвонил во 18:15 часот. На почетокот кога на контролната табла во катедралата заѕвонил алармот кој открива кој сензор испраќа предупредување, двајца од чуварите тргнале да ја проверат локацијата.
Во тој момент не забележале ништо. Кога вториот аларм заѕвонил во 18:43 часот, чуварите се упатиле кон врвот на катедралата и дури тогаш го забележале пламенот. Истражителите велат дека можеби ако навремено алармите би се активирале, катедралата би доживеала помала штета.
Катедралата во Париз можеби би била спасена, ако сензорите за пожар навреме го детектирале пожарот, велат истражителите.
Дали краток спој е причина за пожарот?
Париските обвинители истражуваат дали краткиот спој во инсталациите го предизвикал пожарот кој ја зафатил катедралата. Судскиот извор изјавил во четвртокот за „Си-Ен-Ен“, дека не ја исклучува хипотезата во оваа фаза, велејќи дека тоа не е единствениот правец во истрагата.
Во време на пожарот, катедралата била во фаза на обнова. Некои фрлиле сомнеж на компаните кои во тој период работеле на кулата, која во понеделникот се сруши, додека околу неа избивале пламени јазици. Од четири компании кои направиле договор за обнова на Нотр Дам, две компании, компанијата за скеле Europe Echafaudage и конзерваорите за уметност Socra, работеле на кулата пред избивање на пожарот.
Но, ниту една од компаниите немала работници кои се наоѓале на тоа место, во време на избивањето на пожарот. Пожарот девастирал голем дел од 850 години старата зграда. Пожарникарите дури по деветчасовната борба со огнената стихија успеале да ја спасат катедралата.