Актерот Џеси Лоренс Фергусон, кој се прослави во улогата на полицаец во филмот „Жестоки момци“, починал во петокот во Калифорнија на 77 годишна возраст.
Фергусон го пронашол неговиот син, кој го затекнал во неговата соба. Тојоткрил дека телевизорот бил вклучен, па кога влегол во собата на татко му, го затекнал неговото безживотно тело на креветот.
Од соопштенијата на тамошните служби, објавено е дека Џеси претходно не бил болен. Во полициското соопштение е наведено дека Фергусон починал од природна смрт.