Користејќи го сервисот „Гугл ерт“, научниците открија мистериозен град во Калифорнискиот залив, 60 километри од мексиканскиот брег. Според нив, овој подводен град е големо откритие поради својата големина и линеарност, што укажува на тоа дека не станува збор за природна формација.
Подводната структура која се наоѓа меѓу полуостровот Долна Калифорнија и западниот мексикански брег, се протега на 120 километри.
Цевкастата конструкција која може да се забележи на дното на океанот е широка пет километри. Некои велат дека тоа би можело да биде древен систем на патишта и тунели создаден пред повеќе од 1000 години, кога нивото на водата било пониско.
Други научници пак сметаат дека тоа се остатоци од некоја древна цивилизација, односно рушевини од нивните храмови. Сметаат дека најверојатно станува збор за џиновски древни пирамиди. Трети пак сметаат дека ова можеби е трага од изгубениот град Атлантида.
Скептиците сепак тврдат дека ниту една од овие теории не е прифатлива и дека веројатно се работи за необичен релјеф на морското дно.