Најмладата членка во семејството Кардашијан, Кајли Џенер, на оригинален начин му го честиташе роденденот на нејзиното момче Травис Скот. Кајли посветила цел билборд на кој е фотографија од неа и нивната ќерка Сторми.
Раперот Скот за неколку дена ќе го прослави својот 28 роденден, а на „Твитер“ веќе се појавија фотографии на кои милијардерката однапред му го честитала роденденот на својот партнер. Според пишувањата на американските медиуми, билбордот е сместен на аголот на една од најпрометните раскрсници во Западен Холивуд.
Мислењата на фановите се поделени за ваквиот потег на Кајли. Некои сметаат дека ова е пресладок гест, додека други мислат дека Кајли претерала.
„Парите никогаш не можеле да го купат вкусот. Каде е Травис на сликата на која е посветена? Пак сè се врти околу Кајли и нејзиното его“, „Светот умира, а парите се трошат на билборд“, „Не можам да ја поднесам оваа девојка“, биле само дел од коментарите на големиот број фанови.