Татко и ќерка дипломираа во ист ден на ист факултет

Пензионираниот земјоделски инженер Мехмет Фати и неговата ќерка Фејза Јилдиз од Турција, дипломираа на ист факултет во ист ден. Тие заедно ги подготвувале и испитите. Таткото и ќерката ги добија дипломите на свечено доделување во Факултетот за исламски науки при Универзитетот на Ушак.

Фати претходно дипломирал и на Универзитетот Еге во 1978 година, една година пред да се роди неговата ќерка, пишуваат турските медиуми.

„Мојата ќерка, мајка на две деца, е домаќинка. Сакавме заедно да студираме на Факултетот за исламски науки… Иако одвоено одевме на предавања, секогаш бевме заедно. Навистина сум среќен што можев да студирам со ќерка ми“, рекол Фати.

Тој во својот говор пред студентите рекол и дека успехот лежи во многу труд и напорна работа.

Scroll to Top