Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн се верила со својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд. Кларк ја запросил Џасинда за време на велигденските празници, соопштил нејзиниот портпарол Ендру Кембел.
Гејфорд (41) е водител на ТВ емисија за риболов и се грижи за нивното десетмесечно бебе, пренесува „Ројтерс“.
Нејзината бременост, премиерката ја објави на почетокот на 2018 година, а многумина ја гледаа како симбол за напредок на жените на раководните положби. Таа е втора жена лидер која се породила додека и траел мандатот.
Првата била пакистанската премиерка Бензир Буто во 1990 година. Веста за веридбата се рашири веднаш откако новинарите забележаа дека Ардерн на јавен настан носи прстен на средниот прст.
Двојката се запознале пред шест години, кога Гејфорд заминал да се пожали на членовите на парламентот, поради владините предлози за измена на еден закон. Тогаш налетал на Ардерн, ѕвездата во налет во Лабуристичката партија. Вели дека тогаш испиле кафе и недолго потоа почнале да живеат заедно.
Нејзиниот смирен и сочувствителен одговор на убиството на 51 муслиман во март годинава, изглади јавен имиџ на оваа лидерка, која беше критикувана поради водењето на економската политика на владата.