Состојки:
– 1 чаша јогурт
– брашно два филџана
– Шеќер
– Масло
– Ванилен шеќер (1 пакетче)
– Две јајца
– 1 пакетче прашок за печење
– чоколада (50 грама)
– Јагоди
Подготовка:
Измешајте во сад половина чаша јогурт со две јајца и пакетче ванилин шеќер. Во мешавината потоа додадете ја другата половина јогурт, половина филџан масло, 2 филџани брашно и 1 филџан прашок за пециво. Повторно измешајте ја смесата. Потоа со нож исецкајте ја чоколадата на мали парчиња.
Откако ќе ја исецкате измешајте ја рачно во смеса со бисквити. Вклучете ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тепсијата со маргарин и посипете ја со брашно, на начин на кој колачот не би се залепил за неа.
Смесата за колачот истутерете ја во тепсијата и подеднакво распоредете ја. На крајот ставете врз смесата два филџани исецкани јагоди и оставете го колачот да се испече околу 30 минути.
Потоа оставете го колачот да се олади, а на крајот дотурете му шеќер во прав.