Тројца планинари вчера загинаа од исцрпеност при спуштање од највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Двајца планинари биле од Индија (57 и 27 години), а еден од Австрија (65). Австриецот починал на северната, тибетантска страна од планината. Според властите, причината за смртта е исцрпеност, оти заради метежот на врвот на планината, мажите не можеле навремено да се симнат надолу. Вчера на врвот во исто време имало 320 луѓе, што никогаш порано не се случило.
Последните денови е забележан вистински метеж на врвот, и покрај молбите на локалните организации од Непал да се ограничи бројот на издадени дозволи за искачување. Непал досега издал 381 дозвола за пролетната сезона за искачување на Монт Еверест, а секоја од дозволите чини 10.000 долари.
Претходно, на врвот починаа жена од Индија и Американец, додека ирски државјанин е прогласен за починат откако паднал од планината на 16 мај.