Ед Ширан сака „Вестлајф“ да му пеат на свадбата

Британскиот музичар Ед Ширан сака ирската група „Вестлајф“ да пее на неговата свадба, пишува „Дејли Стар“. Ширан сака тие да ја испеат својата хит-песна Flying Without Wings за првиот венчален танц на двојката.

Ширан на почетокот на годината се ожени тајно за својата долгогодишна девојка Чери Сиборн, а сега тие ќе прават веселба на која ќе бидат поканети нивните роднини и пријатели.

 

Scroll to Top