Српската пејачка Јелена Карлеуша за прв пат имаше настап во Белград, по смртта на нејзината мајка Дивна, на кој се појави и манекенката Софија Милошевиќ, девојката со која нејзиниот поранешен сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ ја изневерувал.
Карлеуша пеела на сплавот „Порт“, а Софија заедно со нејзините другарски се сместила во едно од сепарињата. Софија целото внимание го свртела кон себе, а многумина од публиката и дофрлале дека ситуацијата може да ескалира, ако Карлеуша нејзиното појавување во клубот го свати како провокација.
Софија за српските медиуми кратко коментирала дека не е во никаков конфликт со Карлеуша, а не сакала да даде коментар за наводите за аферата со Тошиќ.