Турист случајно ја погодил комбинацијата на сеф стар 100 години

Стефан Милс бил турист кој за време на посетата на Музејот на град Вермилон во Канада, успеал да ја погоди комбинацијата на сеф стар повеќе од 100 години. Од 1907 година голем број експерти се обидувале да го отворат сефот и да ја погодат комбинацијата, но безуспешно. На Стефан му биле потребни само 30 секунди.

Тој вели дека ја погодил комбинацијата на среќа. Музејот се наоѓа во старата школска зграда и е направен од цигли. Во зградата се наоѓаат колекции на предмети од историјата на Вермилон, градче со нешто повеќе од 4000 жители. Еден од експонатите бил и сефот од хотелот Брансвик, кој во тој град е отворен во 1906 година.

Се верува дека сефот е купен во 1907 година. Музејот е подарен на почетокот на 1900 година, кога хотелот го променил сопственикот и кога бил реновиран, но новиот газда не ја добил комбинацијата. Од музејот претходно побарале помош од експерти за да ја отворат шифрата.

Се обидувале со различни комбинации, дури и стапиле во контакт со поранешни работници од хотелот. Милс вели дека целото негово семејство било заинтригирано кога им бил покажан сефот. И други посетители, баш како и неговото семејство, си играле со сефот и се обидувале да го отворат, но безуспешно.

„Му реков на водичот дека тоа е неверојатна временска капсула. Тој ми рече дека не знае што има во него“, изјавил Милс кој работел како заварувач. Тој забележал дека бројките се движат од 0 до 60 и одлучил да проба со 20-40-60.

„Типична комбинација, три пати во насока на стрелките на часовникот – 20 – два пати во спротивна насока – 40 – еднаш во насока на стрелките на часовникот – 60 – пробав и сефот самиот се отвори“, раскажал Милс.


Во сефот за жал немало злато, туку само стар налог за плаќање и блок за запишување на нарачка од 1970 година. Во блокот е напишана сметката за бургер од печурки, која чинела 1,5 канадски долари (0,99 евра) и пакетче цигари за еден канадски долар.

„Тие предмети немаат некоја вредност, но нас не интересираат. Ни даваат идеја за тоа какво било ова место во периодот од 1977 и 1988 година“, изјавил водичот Том Киблвајт.

„Веројатноста Милс точно да ја погоди комбинацијата беше мала“, изјавил Џефри Розентал од Универзитетот во Торонто и прецизирал дека неговата пресметка, шанса од прв обид да ја погоди комбинацијата била 1 во однос на 216.000. Неговата калкулација го земала во предвид фактот дека бројките на сефот се движат од 0 до 60.

Тој сепак истакнува дека некои такви брави имаат простор за маневрирање, а поради тоа што сефот имал безбедносен систем од три бројки, Розентал пресметал дека шансите се сепак еден спрема 8000.

 

 

Scroll to Top