Му се изгубила секаква трага, полицијата го вратила Габриел кај семејството по две децении

Австралијанецот Габриел Наги од 1987 година му се изгубла секаква трага. Тој излегол од својот дом и повеќе не се вратил. Сопругата и двете деца со години се обидувале да дознаат што се случило со него, но безуспешно.

За Наги велат дека бил среќен човек. Кога заминал да се повози со автомобилот, неговата сопруга му подготвувала вечера, знаејќи дека ќе се врати. Грижите започнале неколку часа подоцна, откако Гаги не и се јавил.

Многу набрзо, полицијата го открила неговиот автомобил запален. На сопругата на Габриел и кажале дека неговото тело го немаат пронајдено. Габриела самата почнала потрага по својот сопруг.

Полицијата во меѓувреме открила дека Габриел подигнал пари од сметка, на место оддалечено 160 километри од неговиот дом. Тоа им дало надеж на семејството, а постар полицаец кој го превземал да го води случајот, им ветил дека ќе открие што се случило со нивниот сопруг и татко.

Многу ресурси биле потрошени во потрагата, но се повеќе се чинело дека Габриел никогаш нема да биде пронајден. Полицаецот сепак налетал на нешто што било интересно за случајот. Во здравствениот систем во Австралија, стоело дека Габриел неодамна имал операција.

Името си го променил во Рон Сондерс. Рон е пронајден жив и здрав во град кој е повеќе од 1600 километри оддалечен од местото во кое Габриел живеел со семејството. Полицаецот го повикал по телефон, за да открие дали станува збор за истата личност.

Рон објаснил дека 25 години бил збунет, не знае што му се случило во животот и дека не му се познати деталите од минатото. Полицаецот ми покажал фотографија од неговото семејство, а на Рон полека понале да му навираат сеќавањата.

На крајот се испоставило дека Габриел додека се возел со автомобилот, доживеал сообраќајна несреќа и сериозно си ја повредил главата. Поради тешката повреда, тој добил амнезија и заборавил поголем дел од својот живот.

Самиот себе си почнал да се нарекува Рон и да се шета низ земјата. По средбата со полицаецот, Габриел ја побарал сопругата на телефон и закажал средба со неа. Кога повторно се сретнале, Габриел ја изненадил со букет цвеќе.

За жал, Рон, односно Габриел и понатаму не се сеќава на поголемиот дел од својот живот, но се согласил да остане во контакт со семејството. Повеќе од 20 години неговата сопруга и деца не знаеле што се случило со него, а нивната приказна велат дека сакаат да ја рашират низ социјалните мрежи, како пример за сериозниот облик на амнезијата.

 

 

 

Scroll to Top