Глумицата Едит Гонзалез, позната по улогата во мексиканската теленовела „Две срца“, почина на 55 годишна возраст, пишува „Би-Би-Си“. Гонзалес боледуваше од рак, а веста за нејзината смрт ја потврдила на „Твитер“, нејзината колешка Летициа Калдерон.
„Дит колку само ќе ни недостигаш. Не постои поголема болка од онаа која ја чувствува твојата мајка“, напишала Летициа, позната по улогата на Есмералда.
На Гонзалез пред три години и бил дијагностициран рак на јајникот. Актерката имала неколку операции на лимфните чворови. Глумела во голем број на сапуници меѓу кои „Саломе и „И богатите плаќаат“ и „Дона Барбара“.
Кариерата ја започнала во телевизиската серија „Јадници“, а се прославила во улогата во теленовелата „И богатите плаќаат“. Имала помала улога во акцискиот филм „Сенорита правда“ со Ева Лонгорија.
Едит зад себе ја остави ќерка си Констанца.