Прва миса по пожарот во Нотр Дам, свештениците со шлемови на главата

Во Богородичната црква во Париз синоќа се одржа првата миса по катастрофалниот пожар што се случи во средината на април и притоа уништи голем дел од катедралата.

Мисата ја служеше парискиот надбискуп Мишел Опети, а се одржа во една од капелите на катедралата  Нотр Дам. На неа присуствуваа околу 30 лица, свештеници и луѓе вработени во црквата. Од безбедносни причини, сите присутни во Нотр Дам носеа заштитни шлемови на главите.

Според предвидувањата, Катедралата целосно треба да биде реконструирана за околу 5 години.

 

Scroll to Top