Во Богородичната црква во Париз синоќа се одржа првата миса по катастрофалниот пожар што се случи во средината на април и притоа уништи голем дел од катедралата.
Мисата ја служеше парискиот надбискуп Мишел Опети, а се одржа во една од капелите на катедралата Нотр Дам. На неа присуствуваа околу 30 лица, свештеници и луѓе вработени во црквата. Од безбедносни причини, сите присутни во Нотр Дам носеа заштитни шлемови на главите.
Според предвидувањата, Катедралата целосно треба да биде реконструирана за околу 5 години.