Во Кина е развиен нов тип на радар, сличен на HFSWR (High Frequency Surface Wave radara) кој ги решава бројните проблеми со досегашните уреди. Со овој радар Кинезите можат да го надгледуваат подрачјето и далеку зад хоризонтот, а истовремено овозможува да бидат откриени и американските невидливи авиони.
„Системот е едноставен за ракување“, вели инженерот Лиу Јонгтан, кој го развил овој тип на радар, во интервју за списанието Naval and Merchant Ships.
Тој вели дека американската моќ, меѓу останатото, има голема предност кога станува збор за воздухопловните вооружени сили. Долго време ниту една друга земја немала борбени авиони и бомбардери со таканаречена стелт технологија. Денес тоа го имаат Кина и Русија. Овие авиони не се невидливи во вистинска смисла на зборот.
Сепак, стандардните радари тешко можат да ги регистрираат, затоа што ги одбиваат таканаречените електромагнетни бранови кои овие радари ги емитуваат, објаснува Лиу.
Главната предност на овој систем е во тоа што се разликува од вообичаените радари и може да регистрира објекти и надвор од хоризонтот. Овој радар имаа преглед над широк простор, а не му е потребен летачки систем. Овој радар емитува површински бранови кои се простираат долж заоблената површина на Земјата.
„Верзијата на системот со поддршка од копно, ги препознава непријателските објекти на оддалеченост од повеќе од стотина километри, нешто што допринесува за проширување на дометот на кинеските поморски системи за рано предупредување и одбрана“, објаснува Лиу.
South China Morning Post известува дека Лиу на почетокот на годината го добил најголемото признание кое Кина го доделува на научниците и парична награда од 1,1 милион евра за радарскиот систем, кој ќе биде првата линија на одбраната на земјата од странски непријател.
Големата бранова должина на радарот ќе овозможува регистрирање на авиони кои ќе користат специјални заштитни материјали и дизајн за да бидат невидливи за радарите, но од површинските бранови на висока фреквенција, тие немаат заштита. Најголемата новина на овој радар е големината на системот.
Тој ќе биде толку компактен така што ќе може да се користи и на бродовите. Според зборовите на инженерите, еден радар може да надгледува подрачје колку површината на една Индија.
Овој радарот е безбеден од ракети кои се направени специјално за да онеспособуваат радари. Таквите ракети ги мерат брановите кои радарот ги емитува и на тој начин го откриваат.
Освен што може да ги открие авионите со стелт технологија, новиот радарски систем има уште една предност. Системот инсталиран на копно или брод, кој може да се види зад хоризонтот, значително е поевтин од флотата на еден извиднувачки авион како Avaks (НАТО).
За разлика од авионите, овој систем работи 24 часа дневно, без разлика на временските прилики. Доколку се инсталира таков систем на еден воен брод, или риболовечка флот, Кина без некакви поголеми трошоци, би можела да надгледува огромно подрачје ширум светот.