По распадот на Советскиот сојуз, во јавноста се ширеа голем број теории за тоа што се случило со златото на Комунистичката партија. Се создаде фама околу парите кои повеќе од три децении се слеваа во касата на партијата. Во 1991 година, полицијата упаднала во трезорот на Централната банка, каде пронашла само 240 тони злато.
Тоа било помалце и од резервите на една Венецуела, па во јавноста се прашувала што станало со остантиот дел од богатството. Ситуацијата се вжештила дополнително и се јавиле голем број на сомнежи по серијата самоубиства на високи комунистички членови. За месец дена, тројца книговодители извршиле самоубиство, скокајќи од зграда.
Според истражувањето на руската телевизија „Ѕвезда“, веднаш по пучот, почнале серијата на самоубиства. Во наредните неколку месеци, животот си го одземале 1764 партиски службеници.
Колку теоријата за исчезнатото злато била популарна во општеството, на почетокот на деведесетите години, покажува и министерот за финансии Јегор Гајдар, кој ја ангажирал американската агенција „Крол“, која се занимава со трагање по тајни компјутери на светски лидери, за да открие дали навистина постеоло партиското богатство.
Комунистичката партија на Советскиот Сојуз само од чланарина (1,4-3% од месечната плата на секој член на партијата) собрала милион долари, а имала и многу развиена издавачка делатност.
Секој вистински комунист, освен членарината, морам да ги пополнува своите полици со актуелни марксистички-лениско-сталинистички толкувања на светските проблеми.
„На пример, на 28 јазици излегло списанието „Советски Сојуз“, кој се продавал низ светот. Во партиската каса секоја година, само од тоа списание се слевале повеќе од милион долари, чист профит. Тоа е само еден пример. Освен него, постојат огромен број на весници кои ги издавала агенцијата „Новости“, во која работеле познати новинари. Бил многу продаван затоа што многу луѓе во странство сакале да знаат како се живее во Советскиот Сојуз“, објаснува рускиот публицист и аналитичар Игор Привалов.
Освен тоа, партијата поседувала и хотели, санатории, огромен број на административни згради, а се претпоставува дека партијата годишно имала приходи од три милиони долари. А покрај овие пари, можеле да земат пари и од државниот буџет.
Кога земјата се распаднала, парите воглавно се префрлени во странство, преку мрежа на банки, кои Советскиот Сојуз ги основал на Западот. Со префрлањето на пари во странство се занимавал КГБ, но и други организации. Според пресметките на „Ѕвезда“, од СССР се одлеани неверојатни три илјади милијарди долари.
„Партијата долго време ги префрлала парите во странство каде ги вложувала. Во странски земји се отворале компании кои се финансирале, меѓу останатото, и од активности на СССР. Тие денес се успешни компании и сите мислат дека се работи за западни компании, а работите се направени со советски пари“, вели Привалов.
Колку советски пари влегле во сите пори на западниот систем, може да се види и преку примерот со вложување во снимањето на холивудските филмови, а со тоа и уфрлање на советските пари во реални токови.
„Тоа беше уиграна шема. Никој не го извлече златото во куфери“, додава Привалов.
Кога на почетокот на деведесетите години сè се сруши, на никого не му беше јасно каде исчезнаа толку милијарди кои комунистите, како што се мислеше, со децении ги собираа и умножуваа.
Американската агенција „Крол“, поднела извештај на рускиот министер Егор Гајдар, но целата работа се свела само на тоа. Истрагата прекинала, а извештајот исчезнал. Гајдер повеќе никогаш не го спомнал руското злато.
Како што многумина претпоставуваат, во извештајот имало имиња на луѓе кои завладеале со руските пари, а против кои никој не се осмелил да поведе истрага..
„Погледнете ги децата на сите членови на Политбиро, сите нивни семејства. Откако земјата се распадна, сите заминаа во странство. Сите тие денес живеат во странство. Што мислите вие, дека тие живеат од плати? Се разбира дека не“, вели рускиот аналитичар Привалов.