Рударот од серијата „Чернобил“: Вујко ми почина од рак како последица од катастрофата

Шкотскиот актер Алекс Фернс (50), кој го глуми незгодниот рудар во серијата „Чернобил“ на HBO, вели дека и неговиот вујко Роберт Степенсон починал по несреќата во 1986 година, како последица на преголемата изложеност на отровниот дожд, кој го предизвикала нуклеарната катастрофа.

Фернс го глуми рударот Глукхов, а открива дека вујко му Роберт на неговото семејство им кажал пред смртта, дека неговата болест е предизвикана од радијацијата која избила во Чернобил, пишува британски „Сан“.

Роберт имал само 47 години кога починал, а Алекс вели дека неговиот вујко бил инспирација за да глуми во серијата. Фернс го глуми лидерот на рударите, кој работел во опасни услови, со цел да ги осигураат залихите на плитка вода во неделите по катастрофата.

„Чернобил е тешка приказна, особено за мене. Мојот вујко Роберт работел за шкотското водостопанство. Кога се случила катастрофата во Чернобил, отровниот дожд паднал и во Шкотска. Мојот вујко и неговите колеги работеле на отворено, а кога дождот почнал да врне, сите сакале да влезат внатре да се засолнат, но нивниот шеф им забранил. Им рекол да останат надвор и да продолжат со работата“, раскажал Алекс.

Алекс вели дека никој од неговите колеги не го доживеал 50 роденден.

„Сите починаа од рак. Мислам дека тоа е ебе*а трагедија. Тоа докажува дека последиците од Чернобил беа многу повеќе далекосежни отколку што можевме да видиме во серијата. За мене тоа беше лично. Се разбира дека не можеме да бидеме 100% сигурни дека го добил ракот токму од чернобилскиот дожд, но моето семејство и јас сме сигурни дека тоа е така“, изјавил Алекс.

 

Scroll to Top