12-кратниот освојувач на олимписки медал, пливачот Рајан Лохти, вторпат стана татко. Ќерката Лив Реј Лохти е родена на 17 јуни, а пливачот веќе објави прва слика од бебето.
„Чудо број 2. Таа е совршена во секој поглед!“, напиша пливачот до фотографијата.
Лохти, кој е во брак со поранешниот „Плејбој“ модел Кејла Реј Рид, има и син, Кејден Зеин, кој е роден во јуни 2017 година.