Нови пари од 100 и 200 евра, како да го препознаете фалсификатот

Од крајот на мај во оптек се пуштени две нови книжни пари од по 100 и 200 евра. Од Европската централна банка велат дека парите изгледаат поинаку и се изработени квалитетено. Серијата е наречена „Европа“, а на водениот жиг е ликот на феничанската принцеза – пријателката на Зевс, по која Стариот континетнт го добил името.

Специјалист за утврдување на автентичноста на парите во Србија, Никола Танасијевиќ објаснува дека станува збор за пари од серија Б, кои се најзаштитени досега.

На нив се наоѓа симболот на еврото. Тој е сместен во горниот дел на парата.

„Парите се испечатени на исклучително квалитетна хартија чиј состав е 100% памучно влакно со дополнителни  агенси, кои на хартијата и даваат цврстина, еластичност, отпорност од уништување, виткање и кинење. Хартијата има и карактеристичен звук“, вели Танасијевиќ.

Парите под ултравиолетово светло, покажуваат различни бои. Фалсификуваните пари најчесто се изработени со обична комерцијална хартија и ги немаат основните елементи на заштита.

 

„За граѓаните е важно при првиот контакт да го проверат квалитетот на хартијата. Дали е квалитетно испечатена парата може да се провери со нежен допир, преку деталите кои се испечатени на неа. На криминалците најтешко им е да дојдат до посед на квалитетна, заштитена хартија. Таквата хартија се чува и е заштитена“, вели Танасијевиќ.

Старите пари и понатаму ќе вредат и не е потребно да се менуваат. Исто така парата од 500 евра повеќе нема да се печати, но и понатаму ќе биде во употреба.

 

Scroll to Top