Додека сте шетале низ продавниците сте забележале совршени сини чевли, меѓутоа кога дошло време да ги облечете, сте сфатиле дека не знаете што да искомбинирате со нив.
Немојте веднаш да паничите, затоа што постојат совети и за тоа, кои притоа се многу едноставни, а сигурно имате и некои работи кои супер ќе се согласат со вашиот избор на облека.
За почеток, постојат основни правила при бирањето боја на чевли:
- Битно е на облеката да имате некој детаљ што е во таа боја на чевли. Па дури и најмалата ситница ви „дозволува“ да ги купите тие чевли.
- Црни, сиви и боја на кожа, таканаречените „nude” чевли одат апсолутно со сѐ.
- Ако сте се одлучиле да носите само една боја – тоа е во ред, но обидете се да ја „разбиете“ со некој колан или накит во друга боја.
Сега можеме да почнеме со тренди боите на чевли и комбинациите на бои кои одат со нив…
1. Златни чевли
Покрај тоа што ова лето се во тренд, на сите им го одземаат здивот.
Со златната боја идат: смарагднозелената, бојата на рубинот, тиркизната, црната и белата боја.
Носете ги со фармерки и црна или бела маичка за да изгледате тренди, а за покласичен избор бирајте облека која е во бојата на смарагдот, тиркизната или бојата на рубинот.
2. Сребрени
И овие исто така се потполно тренди. Ви треба само едноставен облик, а нивниот металик сјај ќе го дополни вашиот изглед.
Носете ги со индиго, црвена, црна, виолетова и бела боја.
За постигнување на тренди изглед, комбинирајте ги со индиго и бела боја. За покласичен изглед, сепак најдобро е да ги искомбинирате со црвена, виолетова и црна боја. Избегнувајте да ги носите со жолта боја.
3. Црвени
Црвените чевли се неизоставен дел од обувките на секоја жена затоа што се многу секси и женствени.
Боите со кои се согласуваат се: розова, портокалова, бела, црна и темносина.
Границите на трендот се сменија, па сега тренди е да се комбинира со розовата и со портокаловата боја. Друга класична коминација е со темносината, црната и сивата боја, а најдобра комбинација е со фармерки. Избегнувајте комбинирање со пастелна облека.
4. Портокалови
Ретко жените носат чевли со оваа боја, но зошто да не. Весела и летна боја која може да биде вистински погодок за вас.
Најдобри бои: земјени тонови, бела, црвена и жолта.
Комбинирањето со фармерки и бела маичка или блуза е полн погодок, додека портокаловата боја никако не се согласува со розовата облека.
5. Жолти
Храбра боја, која ги отвора очите и го следи летниот тренд.
Се согласуваат со сите нијанси на сината, црната, белата и зелената боја.
Никако не можете да ги комбинирате со розовата боја.
6. Зелени
Зелените исто така се ретко видени чевли, но генерално се преубави и се согласуваат со светлосината, модросината, жолтата, црната, беж и кафената боја на облека.
Ако имате темнозелени чевли, а одберете светлозелена облека – тоа ќе биде најлошата комбинација и обратно.
7. Сини
Ова лето е најбараната боја на чевли затоа што го разубавува стајлингот на секоја жена која ги носи.
Сините чевли се комбинираат со жолтата, зелената, белата и кафената боја.
Со жолтата и зелената ќе изгледате тренди, а класичниот изглед ќе го постигнете со комбинирање на сината, кафената и белата боја. Никако немојте да ги носите со фармерки!
8. Виолетови
Виолетовата боја е прекрасна боја која ја бираат главно жени кои сакаат промени.
Неутралните бои и зелената се одличен избор кога носите виолетова боја на чевли, како и темносината и розовата боја. Светлосината облека заборавете ја, затоа што никако не се согласува со оваа боја на чевли.