Можеби слетувањето на Месечината претставувало „мал чекор за човекот“, но за астронаутот кој ја изговорил таа раченица, Нил Армстронг, враќањето дома бил огромен товар и му донел многу маки за кои до тогаш не ни размислувал.
Нил Армстронг избегнувал да се појавува во јавноста, поради целиот товарот што доаѓал со славата, пишува во новата книга која открива детали од неговиот живот.
Неговиот син Марк, кој е автор на биографијата на Армстронг, вели дека никогаш во животот нема запознаено човек каков што бил неговиот татко Нил.
„Мојот татко не беше егоист и не го интересираше да заработи од она што го правеше. Неговата тогашна жена Џенет не забележуваше никакви промени кај него. За неа тој беше истиот, стариот Нил, кој се врати од Месечината“, вели Марк.
Неколку недели по историската мисија на Месечината во 1969 година тројца астронаути, Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Олдрин, биле испратени на турнеја од 38 дена. Патувале насекаде, од Мексико до Југославија. Ги виделе околу 100 милиони луѓе.
За разлика од Олдрин, кој ја прифатил славата, Нил сакал да се промени. Се обидувал да живее обичен живот. Поучен од искуството на својот колега Чарлс Линдберг, човекот кој прв го прелетал Атлантикот, Нил се плашел за животот на своите синови Марк и Ерик.
Синот на Линдберг, кој бил стар само 20 месеци, бил киднапиран и за него бил баран откуп од 50.000 долари. Кога откупот бил платен, детето било вратено мртво. Таа несреќна приказна го оптоварувала Армстронг.
Марк вели дека знаел дека семејството примало закани.
„Тато бегаше од славата затоа што не сакаше на мојот брат и на мене да ни се случи нешто што му се случи на синот на Чарлс Линдберг“, изјавил Марк.
Поради ваквата ситуација, почнал да трпи и бракот на Нил. Тој низ годините избегнувал да говори на болните теми со Џенес, а Хенсен вели дека бил и изненаден што бракот им траел толку долго. Двајцата се развеле во 1994 година, по 38 години. Армстронг потоа повторно се оженил и се грижел како тоа ќе влијае на неговите синови.
Почнал да им обрнува на децата поголемо внимание. Нил Армстронг починал во 2012 година на 82-годишна возраст.
Мисијата „Аполо 11“
Во втората половина на јули ќе се навршат 50 години од кога Нил Армстронг за првпат зачекори на Месечината за време на мисијата „Аполо 11“. По слетувањето на Месечината на 20 јули 1969 година, шест часа подоцна, Нил Армстронг стана првиот човек кој чекорел по површината на Месечината.
Тогаш ги изговорил легендарните зборови: Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото.
Ракетата Сатурн V со астронаутите била лансирана на 16 јули 1969 година. Армстронг нешто повеќе од два часа минал надвор од леталото со кое управувал Мајкл Колинс.
Баз Олдрин, астронаутот кој тргнал со Армстронг во мисијата, шетал помалку низ земјиниот сателит од неговиот колега. Заедно собрале речиси 25 килограми материјал од Месечината и се вратиле на Земјата.
Астронаутите зад себе го оставиле американското знаме и плочка во знак на сеќавањето на слетувањето на екипажот од мисијата „Аполо 1“.