Војвотката од Корвол Камила, минатата година двапати ја избегнала смртта во ист ден, пишуваат британските медиуми. Сопругата на принцот Чарлс за малку избегнала хеликоптерска несреќа.
Пилтотот на хеликоптерот во кој се наоѓала Камила, додека ја пренесувал во нејзниот дом во Вилтшајер, избегнал две несреќи во ист ден.
Пилотот на хеликоптерот „Сикорски S7“ во првиот случај успеал да избегне директен судар со авион кој пренесувал падобранци, а неполн час подоцна успеал да избегне и судар со едрилица. Контролорот на воздушниот сообраќај во RAF Marham во Норфолк, кој го следел летот, на истражителите им соопштил дека ризикот од судар бил „висок“.
По 45 минути од незгодата во воздухот со авионот, следувал инцидент во кој пилотот се обдидел да слета. Пилотот во очај се обидел да ја избегне едрилицата која премногу му се доближила. Изјавил дека имал среќа што ја забележал едрилицата на оддалеченост од само 1800 метри.
Според извештајот на британскиот аеродромски одбор, двата инциденти се случиле на 25 јули минатата година, откако Камила и принцот Чарлс биле во посета на изложбата на цвеќиња во Сандрингем.
Чарлс останал во Норфолкс додека хеликоптерот ја пренесувал неговата сопруга. Шест минути откако полетал, од контролната кула бил забележан авионот со падобранците. Биле направени обиди да се стапи во контакт со пилотот на авионот, кој во истиот тој ден прелетувал осум пати.
Бил неуспешен обидот да се стапи во контакт со пилотот на авионот, поради пречките кои ги правел некој од патниците во позадина.
Минута подоцна од контролната кула го предупредиле пилотот на хеликоптерот дека авионот му се приближува со 200 километри на час. Пилотот на авионот за кратко време бил приморан да ја подигне висината на 1600 метри, додека пилотот на хеликоптерот во кој се наоѓала принцезата немал премногу време за било каков маневар.
За помалку од еден час, хеликоптерот успеал да избегне уште една несреќа, овој пат судар со едрилицата.