Британскиот принц Џорџ во понеделник ќе го прослави 6. роденден, а неговата мајка војвотката Кејт Мидлтон и татко принцот Вилијам подготвија вистинско изненадување за нивниот провороден син.
Кралската двојка заедно со славеникот и неговите сестра Шарлот и брат Луис ќе патуваат на Карибите, каде ќе престојуваат на приватниот остров Мистик.
Кралското семејство е посебно врзано за ова место. Го открила кралската сестра, принцезата Маргарет, која одлучила таму да се опорави од турбулентниот брак со Ентони Армстронг Џоунс во периодот на седумдесетите години. Тогашниот сопственик Колин Тенант одлучил повеќе од 40.000 квадратни метри од островот да и ги подари на Маргарет, која на островот изградила куќа за одмор која ја нарекла „Прекрасната вода“.
Од тогаш, неколку членови на кралското семејство постојано навраќаат на островот, кои нуди мир и приватност.
Кејт и Вилијам со години летуваат на тоа место, а го посетувале и родителите на Кејтлин Керол и Мајк Мидлтон, сестра ѝ Пипа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз.