Пејачката Ели Голдинг вчера се омажи со Каспар Џоплинг, со кого беше во врска повеќе од две години. Таа беше облечена во фустан со долги ракави и поло. 32-годишната Голдинг ја стилизирала косата со ниска пунџа и неколку пуштени нишки. Церемонијата се одржа во позната катедрала и продолжи со забава во замокот „Хауард“, на 15 км од Јорк. На настанот не изостанаа познати личности и од шоу-бизнисот и од кралското семејство.
Еден од кумовите на 27-годишниот трговец со уметност беше Џек Бруксбанк, сопруг на принцезата
Јуџин, а Џејмс Блант ги забавувал присутните вечерта. Други познати личности кои присуствувале беа Кети Пери и Орландо Блум, Сиена Милер и Сара, војвотката од Јорк