(Галерија) Раскошна свадба, се омажи Ели Голдинг

Пејачката Ели Голдинг вчера се омажи со Каспар Џоплинг, со кого беше во врска повеќе од две години. Таа беше облечена во фустан со долги ракави и поло. 32-годишната Голдинг ја стилизирала косата со ниска пунџа и неколку пуштени нишки. Церемонијата се одржа во позната катедрала и продолжи со забава во замокот „Хауард“, на 15 км од Јорк. На настанот не изостанаа познати личности и од шоу-бизнисот и од кралското семејство.
Еден од кумовите на 27-годишниот трговец со уметност беше Џек Бруксбанк, сопруг на принцезата
Јуџин, а Џејмс Блант ги забавувал присутните вечерта. Други познати личности кои присуствувале беа Кети Пери и Орландо Блум, Сиена Милер и Сара, војвотката од Јорк

Scroll to Top