Поради големиот број на конфликти и пукотници меѓу мексиканските нарко-картели, некогашните рајски дестинации како Тихуана и Акапулко, се сметаат за најопасните места за живеење во светот. Тука секојдневно граѓаните се сведоци на повеќекратни и брутални убиства.
Во Тихуана во Мексико, годишно се случуваат најмалку по 2640 убиства, односно повеќе од седум дневно.
Мексико најлош
Мексико е само еден пд петте градови на смртта, места во кои убиствата, кражбите и најразличните криминални пресметки стануваат секојдневие. На оваа листа се наоѓаат уште три мексикански града, Акапулко, Сиудад Викторија и Сиудад Хуарез, како и престолнината Каракас.
Бројот на убиства во овие градови, кои некогаш важеле за туристички рајски места, Тихуана и Акапулко, не е за големо изненадување, ако се има во предвид војната меѓу нарко-картелите во оваа земја, која многу често знае да излезе од контрола.
Пред само четири дена, 26 луѓе биле убиени, кога егзекутрите на нарко-шефовите упаднале во еден бар во местото Коакакоалкос. Прво било пукано на гостите, а потоа локалот бил запален со молотови коктели. Во претходниот месец имало неколку слични вакви крвопролевања.
Во Уруапан, припадниците на картелот Халиско убиле повеќе од 20 луѓе, а потоа нивните тела ги обесиле на надвозник со пораката „Драги луѓе, продолжете со своите животи“.
Откако во 2006 година беше почната војна против картелите, во Мексико официјално биле убиени повеќе од 250.000 луѓе. Сепак, можно е бројот на мртвите да е уште поголем.
Владата објавила дека биле пронајдени 4974 тела во 3024 јами. Многу од жртвите и понатаму се водат како исчезнати, а во мексиканските мртовечници има околу 260.000 неидентификувани тела.
Глад и демонстрации
Престолнината Венецуела Каракас е третиот најопасен град во светот. Тука криминалот цвета, а дополнителна опасност за населението претставува и политичката нестабилност, секојдневното насилство низ улиците, насилните демонстрации, но и гладдта.
Стариот континент, Европа е безбедна, Америка не е
Меѓу педесеттe најсмртоносни градови на светот, ниту еден не е од Европа. Но, на оваа листа се наоѓаат дури четири града од САД. Станува збор за Сент Луис (15 место), Балтимор (23), Детроит (46) и Њу Орлеанс (50). На листата се наоѓаат и три града од Јужноафриканската Република, а сите останати се од Средна и Јужна Америка.
Најопасни земји на светот
Авганистан е прв
Иако четири од најопасните градови на светот доаѓаат од Мексико, оваа земја не е најопасна на светот. На првото место, како најсмртоносна држава е Авганистан. Во оваа земја се војува без прекин од осумдесетите години од минатиот век. На второто место е Сирија, а на третото е Јужен Судан. Четврт е Јемен, а на петтото место е Ирак.
Во сите овие земји во моментов се водат крвави граѓански војни.
- 15 од 50 најсмртоносни градови на светот се наоѓаат во Мексико
- 14 од 50 најсмртоносни градови на светот се наоѓаат во Бразил
- 6 од 50 најсмртоносни градови на светот се наоѓаат во Венецуела
- 4 од 50 најсмртоносни градови на светот се наоѓаат во Америка