Мексиканско-американската актерка Салма Хаек го прослави својот 53. роденден објавувајќи видео од прославата во Лондон на својот инстаграм-профил, каде што нејзиниот сопруг, францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино (57), особено ја почестил.
Во видеото Салма седи на масата пред тортата, а нејзиниот сопруг со поддршка од другите гости ѝ забива торта во лицето и потоа ја бакнува.
„Ја сакам оваа мексиканска традиција, но најдобриот дел од сето тоа е бакнежот. Ти благодарам, љубов моја, најдобар си!“, напиша Салма во описот на видеото.
Актерката исто така со своите обожаватели на „Инстаграм“ сподели видео во кое пее заедно со женски бенд маријачи.